Претходна статија
Напредува изградбата на магистралниот гасовод Неготино - Кавадарци - Прилеп - Битола
Следна статија
Катастарот ќе формира нов Адресен регистар на Македонија

Со пари од ЕУ санирано свлечиштето на патот Штип – Пробиштип

Објавено на 17.03.2017 во категорија Вести.

 

Заврши санацијата на свлечиштето на регионалниот пат Штип – Пробиштип. Екипи на „Гранит“ од Скопје во изминативе месеци изградија потпорен ѕид со анкери и шипови, како и систем за целосно одводнување на атмосферските води. Санациониот зафат е извршен во согласност со најсовремените стандарди. Со завршувањето на проектот се овозможи повторно ставање во функција на патниот правец, со кој Пробиштип се поврзува со градовите од источна Македонија. Целокупниот зафат чинеше 14,5 милиони денари обезбедени од Европската унија.

 

 

Реализацијата на овој зафат е дел од пообемниот проект за обнова на оштетената инфраструктура од поплавите кои ја зафатија нашата земја пред две години. Европската унија за проектот алоцираше средства во висина од 10 милиони евра. Во рамките на компонентата за санација на транспортната инфраструктура, целосно е завршена реконструкција на пат во општина Конче, додека во општина Чешиново – Облешево е направен нов мост-пропуст. Во наредниот период треба да се доврши и изградбата на нов мост на реката Брегалница во општина Зрновци.