Претходна статија
ЈСП - Скопје лани со 1,5 милиони патници помалку во однос на 2017 година
Следна статија
Заврши изградбата на градинката „Виножито“ во Бардовци

Со 10 нови електрични возила ќе се чистат и мијат скопските улици

Објавено на 18.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје го објави огласот за набавка на 10 нови електрични возила за чистење и миење на улиците на главниот град. Со овие возила ќе се поднови возниот парк на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое за прв пат ќе добие превозни средства на електричен погон што ќе служат за одржување на јавната хигиена во Скопје. Тендерската постапка ќе биде отворена до 11 март, по што ќе се изврши избор на компанијата од каде што ќе се набават новите електрични возила за чистење и миење на скопските улици.

 

*Јавната хигиена во Скопје во иднина ќе се одржува со нови електрични возила

 

Осовременувањето на возниот парк на Ј.П. „Комунална хигиена“ се врши преку подигнатиот кредит од Светската банка во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги во Македонија. Електричните возила во иднина нема да го загадуваат воздухот на главниот град, при што набавените камиони ќе овозможат и значителни заштеди на трошоците на ова јавно претпријатие за одржување на јавната хигиена во Скопје.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk