Претходна статија
Продолжува гасификацијата на центарот на Куманово
Следна статија
„Гранит“ со добивка од 12,6 милиони денари во првиот квартал од 2017 година

Скопски „Бетон“ со намалени приходи на почетокот од годинава

Објавено на 15.05.2017 во категорија Вести.

 

Паднала добивката на градежната фирма „Бетон“ од Скопје во првиот квартал од 2017 година. Овој гигант од градежниот сектор во периодот јануари-март остварил позитивен финансиски резултат во висина од 2.905.586 денари. Намалената добивка на компанијата е постигната првенствено поради падот во приходите. Остварените вкупни приходи во овој период изнесуваат 269.793.289 денари и истите се намалени во споредба со приходите остварени во истиот период лани.

 

 

Вкупните расходи во периодот јануари-март 2017 година биле заокружени на 266.887.703 денари и се намалени во изминатиов период поради намалените работни активности. Во првите три месеци се регистрирани дополнителни 20 нови вработувања во скопски „Бетон“.