Претходна статија
„Гранит“ ја зголемил добивката за 6% во текот на 2016 година
Следна статија
Опозицијата и невладиниот сектор бараат сопирање на изградбата на хотелот во Лагадин

Скопски „Бетон“ лани со 3% намалена добивка

Објавено на 15.03.2017 во категорија Вести.

 

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје лани остварила нето добивка од своето работење во висина од 88.364.921 денари, што е за 3% помалку во однос на профитот реализиран во текот на 2015 година. Според податоците објавени на веб-страницата на Македонска берза, вкупните приходи на оваа фирма изнесувале 2.995.628.553 денари, односно истите биле намалени за 0,55% во споредба со 2015 година. Остварените вкупни расходи во периодот јануари-декември 2016 година се заокружени на 2.899.823.387 денари, што е за 0,1% помалку во однос на претходната година.

 

 

Скопски „Бетон“ во текот на 2016 година во основни средства инвестирал 87.994.027 денари. Во компанијата се вработиле 135 нови лица. Краткорочните кредити лани биле заокружени на 555.573.135 денари, додека обврските по долгорочни кредити изнесувале 61.787.705 денари.