Претходна статија
Општина Центар ја сопре изградбата на улица на кејот кај ГТЦ
Следна статија
Општина Центар усвои одлука за идниот изглед на Кејот „13 Ноември“

Скопје и Тетово ќе добијат „зелени“ билборди за прочистување на воздухот

Објавено на 20.03.2017 во категорија Вести.

 

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и Амбасадата на Германија во Македонија го промовираат проектот за клима и заштита од климатски промени „Сити три“ (City tree). Утре пред Центарот за култура во Тетово и во среда во близина на хотелот „Мериот“ во Скопје ќе бидат претставени иновативни „зелени“ билборди за прочистување на воздухот.

 

„Сити три“ претставува вертикална структура од специфични видови мов, васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оксиди и озон и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно“ информираат од германската амбасада во Скопје. Проектот е овозможен со финансиски средства од Фондот за заштита од климатски промени на министерството за надворешни работи на Германија. Во набавката на зелените билборди свое учество имаат и компаниите Кнауф, Пакомак, Енерџи диливери солушнс, Еколог, Везе Шари, Прокредит Банка, ДХЛ и  Де мед.

 


* Извор на фотографија: Фејсбук-страница на „Екосвест“