Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Отворена новата Филхармонија
Следна статија
Во живописната Белчишта ќе се гради Еко-музеј со средства од ЕУ

СЈО: Нова истрага за изградба на три куќи во Зелениково

Објавено на 22.05.2017 во категорија Вести.

 

Истрагата „Тревник“ за бесправно градење во скопската општина Зелениково денеска беше претставена пред македонската јавност од страна на Специјалното јавно обвинителство. Истрагата опфаќа основано сомнение за кривично правни дејствија на три лица за изградба на три викенд куќи во Општина Зелениково без издадено одобрение за градење. „Според прибавените докази, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење на истите, како и останата документација, овие три викенд куќи биле започнати да се градат во 2011 година, а одобрение за градење на истите од општината е добиено во 2013 година, кога веќе биле и завршени“ информираа од ова обвинителство.

 

Според првичните неофицијални информации, меѓу осомничените лица е и еден уредник на позната телевизија со национална фреквенција. Трите лица се сомничат од СЈО дека извршиле прекршување на постапката за градење наведена во Законот за градење, со што е отворена истрага за утврдување на тоа дали е извршено бесправно градење кое е казниво според Кривичниот законик.