Претходна статија
Градоначалникот Шилегов вети ново решение за сообраќајниот метеж на Водно
Следна статија
Промоција на книгата „На Скопје, со љубов! - Архитектонската мисла на Живко Поповски“

Швајцарската амбасада ќе донира пречистителна станица на водата за пиење во Делчево

Објавено на 06.11.2017 во категорија Вести.

 

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски денеска го оствари првиот состанок со претставници на Амбасадата на Швајцарската Конфедерација во врска со изградбата на пречистителна станица на водата за пиење во Делчево. Станува збор за проект со кој ќе се изведе планираната филтер – станица на браната Лошана, која е изградена уште во 2008 година. Претставникот на швајцарската амбасада Клиф Хамер истакна дека со проектот ќе се обезбеди чиста вода за пиење на граѓаните на Делчево и на околните селски средини.

 

 

Проектот ќе се реализира со донација од 6.000.000 швајцарски франци од Швајцарската Конфедерација, македонската влада ќе учествува со финансиски средства од 1,4 милиони франци, додека Општина Делчево ќе обезбеди 30.000 швајцарски франци. Главен партнер за реализација на проектот е ЈПКД „Брегалница“. Изведбата на градежните работи се очекува да започне во јуни 2018 година.