Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Се изведуваат столбовите на Панорамското тркало
Следна статија
Музејот „Македонска борба“ ќе проголта уште 611 илјади евра

Сергеј Самсоненко ќе го догради Офицерскиот дом

Објавено на 05.08.2015 во категорија Вести.

#Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко минатата недела стана сопственик на фирмата „ДЦ Приме пропертиес“ која ги гради Офицерскиот дом и соседниот хотел, лоцирани на скопскиот плоштад „Македонија“. Русинот ја презеде фирмата од грчкиот милијардер Деметрис Контоминас, кој во 2011 на аукција го купи атрактивното државно земјиште со површина од 6.308 метри квадратни и се обврза таму да го обнови Офицерскиот дом и да изгради хотел во стилот на проектот „Скопје 2014“, пишува „Призма“. Контоминас минатата година беше приведен од грчката полиција заедно со уште 24 лица во скандал тежок 500 милиони евра околу грчката државна „Хеленик Постбанк“ и е пуштен да се брани од слобода со кауција од пет милиони евра.

 

Соработникот на Сергеј Самсоненко и нов директор на „ДЦ Приме пропертиес“, Ратко Капушевски, за „БИРН“ потврдил дека рускиот бизнисмен ја купил фирмата. „Изградбата на Офицерскиот дом, матичната служба, градската куќа, салата за дипломатски настани на претседателот е само уште еден социјален проект кој господинот Самсоненко ќе го реализира во интерес на Република Македонија“, вели Капушевски. Според него фирмата ја купиле со долгови од 120 милиони денари и блокирана сметка од Управата за јавни приходи, како и со судски постапки иницирани од доверители за градежниот дел.

 

Деметрис Контоминас го купи земјиштето во март 2011 година за сума од 38.478.800 денари, односно за околу 100 евра за метар квадратен. Инвестицијата во двата објекти се проценува на околу 40 милиони евра.

 

 

Форумски дискусии:

» Офицерски дом

» Хотел