Претходна статија
До 1 февруари УНЕСКО ќе чека владин извештај за градежните проекти во Охрид
Следна статија
Ревизорите со остри забелешки за изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Штип

Сергеј Самсоненко и општина Аеродром ќе градат тениски центар

Објавено на 27.12.2016 во категорија Вести.

Скопската општина Аеродром го избра рускиот инвеститор Сергеј Самсоненко како приватен партнер при изградбата на новиот тениско-спортски центар што ќе се гради во близина на спортската сала „Јане Сандански“. Ваквиот исход од тендерската постапка денеска го соопшти градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и воедно го потпиша договорот за реализација на проектот именуван како „Тенис парк“. Со зафатот ќе се реализираат четири тениски терени на тврда и четири на земјена подлога, додека во објектот ќе бидат лоцирани и кафе-бар, супермаркет и игротека како компатибилни класи на намена.

 

 

Локалните власти се надеваат дека со проектот ќе се уреди една од запустените локации покрај реката Вардар, а истовремено ќе се подобрат условите за одржување на спортски натпревари во општината. Пред да се распише тендерот, од општината изработија физибилити студија за потребата од изградба на ваков тениско-спортски центар, која покажа дека самата инвестиција ќе изнесува над 2 милиони евра. Тендерот за реализација на проектот беше распишан во текот на изминатава есен.