Претходна статија
Најдолгата пештера во Македонија ќе се уреди за развој на алтернативен туризам
Следна статија
Жителите на Валандово со протести бараат референдум за рудникот во Казандол

Се засилува падот на цената на становите во Скопје

Објавено на 13.06.2017 во категорија Вести.

 

Продолжува трендот на намалување на цената на становите во Скопје. Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во најновиот Квартален извештај предупредува на засилена динамика на падот на вредноста на овие недвижности во главниот град. Индексот на цената на становите на годишна основа е опаднат за цели 7% во првиот квартал од 2017 година. Од НБРМ сметаат дека ваквите придвижувања се резултат на надолното приспособување на цените на становите во целата земја, а не само во главниот град. Од централната банка очекуваат дека ќе забави изградбата на нови станбени објекти во Скопје, со што би се стабилизирала цената на становите.

 

 

Наспроти опаѓањето на цената на становите, од НБРМ укажуваат дека состојбата со станбените кредити останува стабилна. „На страната на побарувачката на станови не се забележуваат позначајни промени, односно и во првиот квартал на 2017 година продолжи солидниот раст на станбените кредити“ се вели во Кварталниот извештај. Хедоничкиот индекс на цените на становите се изработува од НБРМ врз основа на огласите за продажба во главниот град, кои се објавени од агенциите што се занимаваат со промет на недвижности.