Претходна статија
Продадена атрактивна градежна парцела во Градскиот парк
Следна статија
Во Ѓорче Петров се продава земјиште за изградба на фабрики

Се уредува нов парк покрај Вардар во општина Аеродром

Објавено на 03.02.2015 во категорија Вести.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Конески денеска присуствуваа на почетокот на активностите за расчистување на просторот и уредување на нов парк во населбата Ново Лисиче крај улицата Февруарски поход. Овој дел од Скопје ќе добие зелена површина од околу 82.000 метри квадратни со две детски игралишта, трим патеки, чешмички за пиење вода, клупи, летниковци, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. Во новиот парк ќе се постави и хидрантска мрежа со 450 прскалки со кои ќе се полева зеленилото.

 

 

 

„На терен ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот ќе се издвојат околу 16 милиони денари. Се надевам дека овој парк ќе им ја подобри животната средина на жителите на Аеродром“ изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Пред да се уреди парковскиот простор, најпрво локацијата ќе се исчисти од шутот.

 


* Извор на фотографија: Град Скопје