Претходна статија
Трета среќа за изградба на голф терени во Зелениково
Следна статија
Во Куманово се продава земјиште за изградба на трговски центри, фабрики и хотели

Се реконструираат улиците во Бардовци

Објавено на 08.08.2017 во категорија Вести.

 

Во скопската населба Бардовци се реконструираат деветнаесет улици со вкупна должина од 1.800 метри. Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска изврши увид во реализацијата на овој проект. Градежниот зафат е во вредност од 8,1 милион денари, а изведувач на работите е фирмата „Агроселце“. Во наредните месеци ќе биде завршено поплочувањето на улиците 10, 12, 14, 16, 18 и 19 во населбата.

 

*Извор на фотографија: Општина Карпош

 

„Со поплочувањето и со асфалтирањето на улиците, населбата Бардовци ќе биде целосно урбанизирано населено место. Граѓаните кои живеат во овој дел на Општина Карпош исто така ќе имаат решени инфраструктурни услови за живеење, токму онака како што имаат жителите на Тафталиџе, Влае, Карпош 3 и 4, и сите урбани заедници кои се наоѓаат на територијата на Карпош“ изјави градоначалникот Јакимовски.