Претходна статија
Со пари од државниот буџет ќе се реконструираат 10 училишта во земјава
Следна статија
Април ни донел двојно повеќе планирани станови

Се реконструираат улици во Стајковци по минатогодишната поплава

Објавено на 12.06.2017 во категорија Вести.

 

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска извршија увид во градежните работи за реконструкцијата на улиците во скопското село Стајковци. „Минатата година успеавме да асфалтираме повеќе од 50 улици, додека оваа година работиме за завршување на преостанатите“ изјави градоначалникот Коце Трајановски. Во моментов се реконструира улицата 5 и краците на оваа улица во Стајковци. Во изминатиов период беше саниран коловозот на уште три улици, додека годинава со овој проект беа опфатени и поголем дел од улиците во Инџиково и дел од улицата Алија Авдовиќ.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

Градот Скопје во текот на 2016 година одвои 150 милиони денари за санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штети за време на поплавите од минатиот август. Од нив, 60 милиони денари се реализираат преку јавното претпријатие „Улици и патишта“, додека останатите средства преку општината Гази Баба.