Претходна статија
Шуто Оризари ќе добие нова детска градинка
Следна статија
„Катар ервејс“ почна да сообраќа кон Доха, „Еуровингс“ од октомври ќе лета за Минхен

Се реконструира патот до Матка низ селото Глумово

Објавено на 17.07.2017 во категорија Вести.

 

Денеска започнаа градежните работи за реконструкција на главната улица во населеното место Глумово во Општина Сарај. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски го означи почетокот на градежните работи. Со проектот ќе се санира патниот правец што води кон рекреативниот центар „Матка“, на потегот од влезот на Глумово до точката каде што се двои патот за Горна и Долна Матка. Целокупната должина на улицата е околу 1.000 метри. Со претстојниот зафат ќе се нанесе нов асфалтен слој на коловозот и ќе се реконструираат тротоарите на оваа улица.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Работите на терен ќе ги изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“, а за реконструкцијата на оваа сообраќајница се издвоени 10 милиони денари од градскиот буџет. Од Градот Скопје информираат дека санацијата на главната улица во селото Глумово ќе се заврши во рок од два месеци.