Претходна статија
Градот нема да ја финансира изградбата на Панорамското тркало
Следна статија
Наместо аква парк, Кавадарци ќе изработува физибилити студија за проектот

Се реконструира игралиштето кај салата „Партизан“ во Центар

Објавено на 18.08.2017 во категорија Вести.

 

Скопската општина Центар започна со реконструкција на спортското игралиште кај салата „Партизан“ во Градскиот парк. Со градежниот зафат се предвидува изведба на игралиште за мал фудбал, игралиште за кошарка и фитнес центар на отворено. Проектот ќе биде комплетиран за десетина дена, а од општината се надеваат дека оваа локација ќе стане повторно атрактивно место за рекреација и дружба. Овој проект беше идеја која добила најмногу гласови на порталот „Идеи за Центар“, каде што граѓаните можат да предлагаат и да гласаат проекти што би биле реализирани од општината.

 

 

Општина Центар е првата локална самоуправа во земјава која преку интерактивна он-лајн платформа комуницира со граѓаните, собира идеи и потоа ги реализира. Реконструкцијата на спортското игралиште кај салата „Партизан“ е првиот реализиран проект преку оваа платформа. Локалните власти ги повикуваат граѓаните да продолжат со споделувањето идеи за реализација на проекти и да гласаат за идеите кои се веќе доставени.