Претходна статија
Еколозите и власта со спротивставени гледишта за мисијата на УНЕСКО во Охрид
Следна статија
Гевгелија се мобилизира пред референдумот против изградба на рудник за злато

Се редат неуспешни тендери за училишен затворен базен во Карпош

Објавено на 20.04.2017 во категорија Вести.

 

Општина Карпош повторно не успеа да избере компанија што ќе го гради долгонајавуваниот затворен базен во основното училиште „Лазо Трповски“ во Карпош 3. Општинските власти на последниот тендер утврдиле дека ниту една компанија не поднела соодветна понуда за проектот, по што тендерот е поништен. Во исто време, локалните власти денеска објавија нова тендерска постапка за реализација на проектот. Главниот проблем е што овие постапки се развлекуваат втора година по ред, со што затворените базени заглавија кај огласите за избор на изведувачи.

 

 

Пред само три месеци, општина Карпош го поништи претходниот тендер поради идентична причина – не е поднесена ниту една соодветна понуда. Локалните власти лани ветија дека најпрво ќе изградат два затворени базени во училиштата, што е намалена бројка од пред неколку години. Првичните најави на општината беа дека ќе се изведат пет вакви објекти во склоп на училишните објекти. За реализација на првиот затворен базен и училишна спортска сала беа изработени и идејни решенија од архитектот Васил Велков.