Претходна статија
Првите три елаборати ги потврдија неправилностите околу „Скопје 2014“
Следна статија
Општина Центар со 7 милиони денари ќе го одржува уличното осветлување

Се обновува коловозот на автопатот на влезот во Скопје

Објавено на 13.11.2017 во категорија Вести.

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид на реконструкцијата на автопатските делници од Петровец до Миладиновци и од Кадино до Хиподром. Овие две делници на влезот во Скопје се во должина од осум километри. Новиот коловоз на овие делници ќе биде поставен до крајот на годинава, при што за проектот се издвоени околу 600.000 евра од буџетот на ЈП за државни патишта. Во наредниот период ќе се работи и на автопатската делница Катланово – Петровец, за која пред неколку месеци започна изработката на проектната документација.

 

 

„Оваа инвестиција е дел од нашиот план за воспоставување на брз, безбеден и модерен автопат долж Коридорот 10“ изјави министерот Сугарески. Тој дополни дека во моментов се изведува реконструкција на автопатската делница од Куманово до Миладиновци, една возна лента од делницата од Велес до Градско и делницата од Неготино до Демир Капија. Веќе е завршена обновата на автопатската делница од Смоквица до Гевгелија. Според информациите на Јавното претпријатие за државни патишта, во наредниот период ќе се реконструираат над 700 километри патна мрежа.