Претходна статија
Нови станбени згради во Аеродром
Следна статија
Водно доби жичарница

Се гради објект за скопската градска администрација

Објавено на 03.06.2011 во категорија Вести.

#На просторот кај старите бараки на ЈП Водовод и канализација, под Калето, денес во Скопје започна изградбата на Градска куќа. Овој објект ќе биде за потребите на администрацијата на Градот, додека на Плоштад Македонија се планира обновување на Офицерскиот дом кој ќе служи како репрезентативна Градска куќа.

 

Основата на новиот објект е со површина од 1.274 метри квадратни. Ќе биде висок 21 метар и ќе има шест надземни и три подземни нивоа. На #приземјето е обезбеден простор за архивата, како и други простории наменети за директните корисници на услугите на Градот. Од првиот до четвртиот кат се обезбедени канцеларии за вработените во градската администрација. Канцелариите се од океански тип, со можност за прилагодување на просторот во зависност од потребите. Објектот предвидува работен простор за 650 вработени. На петтиот кат се планирани простории за кабинетот на Градоначалникот и за Секретарот на Град Скопје, сала за градскиот Совет и просторија за претседателот на Советот. Во подземните нивоа е обезбеден паркинг простор за 170 возила. Зградата ќе има централна климатизација, а фасадата ќе биде во неокласичен стил.

 

Автори на проектот за новата Градска куќа се Иван Кокалановски и Борче Стојковски од „КАД Биро“. За изградбата е ангажирана градежната компанија „Бетон“ од Скопје. Овој проект ќе го чини Градот околу 900 милиони денари, односно речиси 15 милиони евра, а рокот за изведба е 4 години. Со оглед на тоа што се гради во контактната зона на скопското Кале, кое што е заштитен објект, Управата за заштита на културното наследство ќе врши редовни контроли.

 

 

Форумска дискусија за овој проект » овде