Претходна статија
Се уредува коритото на Липковска Река во Куманово
Следна статија
Патувањето со воз за Ниш, Белград, Загреб и Љубљана со специјални попусти

„Санос“ повторно произведува автобуси

Објавено на 19.07.2017 во категорија Вести.

 

Фабриката за автобуси „Санос“ од Скопје повторно произведува македонски автобуси за извоз на странските пазари. Нови пет туристички автобуси за извоз веќе се произведени за Казахстан, а вредноста на оваа зделка изнесува 800.000 евра. Автобусите се целосно произведени во Скопје и се со вградени агрегати од германската компанија „Ман“. Од „Санос“ информираат дека во Казахстан е планирано да испорачаат 70 автобуси. Фабриката денеска ја посети македонскиот премиер Зоран Заев, кој изрази задоволство од изработените автобуси.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Премиерот Заев најави поддршка за целото домашно стопанство и изедначување на условите за работа на домашните компании со странските во функција на нивна поддршка и помош. „Сметајте на директни повластици од државата за секое ново работно место, за секој нов продукт, за секое ново производство. Идеите, што ги наметнувате и при вакви прилики, широкоградо со широко раширени раце, ќе ги пречекаме за да ги поддржиме“ изјави тој.