Претходна статија
Во мај двојно помалку станови предвидени за градење
Следна статија
На вештачки снег ќе се скија од наредната сезона во ски - центарот Маврово

Регистриран драстичен пад на пазарот на недвижности во 2017 година

Објавено на 09.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Само 963 продажби на новоизградени недвижности се регистрирани во текот на 2017 година. Драстичниот пад на македонскиот пазар на недвижности го потврди и Агенцијата за катастар на недвижности во нејзиниот Годишен извештај за 2017 година. „За периодот 01.01.-31.12.2017 година во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани вкупно 14.502 трансакции. Споредено со 2016 година, во 2017 година има регистрирано 10.650 трансакции помалку што укажува на пад на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување“ се наведува во објавениот Годишен извештај за 2017 година.

Во делот на продажбата на недвижности, регистрирани се 11.363 продажби што претставува пад од 5.619 продажби во однос на 2016 година. Што се однесува на закупите, регистрирани се само 3.139 во текот на сите 12 месеци, што претставува пад во однос на закупите од 2016 година за 5.031 трансакција. Вкупниот број на трансакции забележан во Регистарот на цени и закупнини во 2017 година бележи пад на бројот на трансакции за 42,3% во однос на претходната година.

 

Анализирано од аспект на типот на продажба, 52% од вкупните продажби во 2017 година се однесувале на земјоделско земјиште, додека 17% отпаѓаат на продажбата на станови. Во делот на регистрираните закупи, најголем број од нив, и тоа 32%, односно 994 трансакции, припаѓаат на издавањето станови.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk