Претходна статија
Градежниците лани имале полни раце работа при изградбата на нови станови
Следна статија
Владината зграда се ослободува од „барокната“ ограда

Растат трошоците за изградба на нови домови

Објавено на 05.06.2017 во категорија Вести.

 

Првите три месеци од 2017 година ни носат зголемување на цената за изградба на нови домови во Македонија. Трошоците во градежништвото за изведба на нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,7% во споредба со периодот јануари-март 2016 година. Издатоците за вработените во првиот квартал се зголемиле за 1,9%, додека трошоците за материјали пораснале за 1,7%. Статистичките податоци покажуваат дека цената на материјалите продолжила да расте до крајот на 2016 година, и тоа за сметка на платите на вработените во градежниот сектор.

 

Периодот јануари-март 2017 година донел пониски трошоци за вработените за 5,3% во однос на последниот квартал од 2016 година. Од друга страна, градежните материјали поскапеле за 3,2% во споредба со периодот октомври-декември 2016 година.

 

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.