Претходна статија
Догодина изградба на жичарница од Козле до Средно Водно
Следна статија
И државата ќе го субвенционира купувањето на печки за греење на пелети

Раст на бројката на предвидени станови за градење во текот на октомври

Објавено на 09.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонскиот пазар на недвижности треба да очекува зголемен прилив на нови станови што ќе се градат во наредниот период низ општините. Според податоците на Државниот завод за статистика, локалните власти во текот на октомври 2017 година одобриле изградба на 929 нови станови, со вкупна корисна површина од 74.963 метри квадратни. Споредено со идентичниот период лани, бројката на предвидени станови за градење е зголемена за 37,6%, додека нивната вкупна квадратура пораснала за 43,7%.

 

 

Деловните субјекти како инвеститори се јавуваат при изградбата на 608 станови со површина од 38.344 метри квадратни, додека останатите живеалишта ќе ги градат физички лица. Најголем интерес од инвеститорите имало за изградба на двособни (318) и трисобни станови (279). Во Скопскиот регион биле издадени одобренија за градење на 569 нови станови, додека Општина Карпош со 250 предвидени станови била апсолутен лидер на ниво на целата земја. Веднаш по неа, од Општина Ѓорче Петров биле издадени градежни дозволи за 172 станови и од Општина Гостивар за 144 станови.

 

Статистичарите пресметале дека во октомври 2017 година се издадени 400 одобренија за градење, што е за 37,5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на објектите изнесувала 3.991.579.000 денари, што е за 41,3% повеќе во споредба со идентичниот период лани. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 245 (61,3%) се наменети за објекти од високоградба, 38 (9,5%) за објекти од нискоградба и 117 (29,2%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 400 објекти, кај 282 (70,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 118 објекти (29,5%) инвеститори се деловни објекти.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk