Претходна статија
Цементарница УСЈЕ лани со минорно намалување на профитот од работењето
Следна статија
Конкурс за избор на идејно решение за спомен обележјето на Тоше Проески во Крушево

Распишан тендерот за изградба на соларната електрана во РЕК „Осломеј“

Објавено на 26.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

До средината на 2020 година во кругот на РЕК „Осломеј“ ќе биде изградена првата соларна електрана во Северна Македонија со моќност од 10 мегавати. На веб-страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска е објавен меѓународниот тендер за избор на компанија која што ќе ги достави и инсталира фотоволтаиците на површина од 15 хектари, на местото на некогашното наоѓалиште на јаглен во Осломеј. Заинтересираните компании ќе имаат рок до 10 мај за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка.

 

Договорот со идниот најповолен изведувач е предвидено да започне на 3 јули и да трае вкупно 10 месеци. Во овој временски период ќе се изгради соларната електрана, која е предвидено да произведува по 15 гигават часови електрична енергија на годишно ниво. Со овој проект ќе се овозможи ползување на сончевата енергија за производство на струја за 2.000 домаќинства во земјава.

 

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), во присуство на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, на почетокот од јануари годинава го потпишаа договорот со ЕБОР за заем во износ од 5,9 милиони евра за изградба на овој енергетски капацитет. Дополнителните средства од проектот вреден 7 милиони евра ќе бидат обезбедени од буџетот на ЕЛЕМ.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk