Претходна статија
Целосно реконструирана улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром
Следна статија
Старата скопска чаршија во иднина со автентични излози и реклами на дуќаните

Распишан тендерот за изградба на патарина на автопатот Демир Капија – Смоквица

Објавено на 25.08.2017 во категорија Вести.

 

Јавното претпријатие за државни патишта денеска го распиша огласот за избор на изведувач што ќе ја гради наплатната станица „Миравци“ на автопатот Демир Капија – Смоквица. Изведбата на патарината е последниот зафат што ќе треба да се реализира на оваа автопатска делница, којашто се очекува да биде пуштена во употреба до почетокот на декември годинава. За изградба на наплатната станица е проценето дека ќе се издвојат над 100 милиони денари, се наведува во тендерот објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки.

За изведба на патарината „Миравци“ ќе се потпише договор со времетраење од 37 месеци. Најниската цена ќе биде основен критериум за доделување на изведбените работи на најповолниот понудувач. Градежните компании имаат рок до 20 септември за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка. Автопатската делница Демир Капија – Смоквица со должина од 28,2 километри е при крај со изведбата. До крајот на годинава треба да се изгради контролниот центар во Неготино и да се дислоцира 400 киловолтниот далновод од самата траса.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk