Претходна статија
Нови фасади на седум најоштетени објекти во Аеродром
Следна статија
Започна реконструкцијата на регионалниот пат Скопје - Македонски Брод

Проширени и реконструирани 430 метри од булеварот АСНОМ

Објавено на 03.04.2017 во категорија Вести.

 

Градот Скопје ја заврши реконструкцијата и проширувањето на булеварот АСНОМ, на потегот од Куќата на фудбалот на ФФМ до првите куќи на улицата Тодор Чангов во населбата Лисиче. Со овој проект се проширени и реконструирани 430 метри од оваа скопска сообраќајница, која со реализираниот зафат доби четири сообраќајни ленти широки по 3,5 метри. Изведена е и средишна жардиниера со променлива ширина од 2 до 5 метри, како и тротоари, велосипедска патека и разделно зеленило.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

Градските власти информираат дека со градежниот зафат била формирана нова раскрсница на вкрстувањето  на булеварот АСНОМ со булеварот Февруарски поход, а уредени се и две автобуски стојалишта. „Проширувањето на булеварот АСНОМ се искористи за да се постави нов атмосферска канализација со должина од 221 метар и со профил на цевките од 500 милиметри. За осветлување на новопроширената сообраќајница се поставени 28 столба за улично осветлување“ велат од Град Скопје.

 

Реконструкцијата и проширувањето на булеварот АСНОМ го изведе фирмата „Бетон“ од Скопје. Градот Скопје за овој проект од својот буџет издвои финансиски средства во висина од околу 31,8 милиони денари. Реализацијата на градежниот зафат започна кон крајот на јануари 2016 година.