Претходна статија
Државата во иднина ќе гради поголем број социјални станови
Следна статија
Гостивар и Струмица ќе добијат мониторинг станици за квалитетот на воздухот

Пропадна третиот обид за пронаоѓање инвеститор на голф терени во Зелениково

Објавено на 29.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Зелениково го поништи јавниот повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за изградба, оперирање, управување и одржување на спортско – рекреативниот центар за голф терени. Од заинтересираните инвеститори не била доставена ниту една прифатлива понуда, по што општинските власти одлучиле да ја поништат целокупната постапка. Станува збор за третиот по ред пропаднат обид за пронаоѓање инвеститор на голф терени во близина на селото Пакошево. Од Општина Зелениково ќе треба допрва да одлучат дали ќе распишат нова постапка за планираниот проект.

 

Општинските власти во изминативе три години се обидуваа да пронајдат концесионер што ќе вложи во замислениот спортско – рекреативен центар, а за возврат ќе може да управува со голф терените во наредните 30 години. Вредноста на концесискиот договор беше проценета на 70, 2 милиони денари, не вклучувајќи го ДДВ. Последниот тендер беше распишан од претходното општинско раководство на почетокот од август годинава.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk