Претходна статија
Градот Скопје ги отвори портите за „Рајската градина“
Следна статија
26 километри нова канализациона мрежа во Куманово

Промовирани пет реконструирани фасади на објекти во Гостивар

Објавено на 29.07.2016 во категорија Вести.

Министерството за култура во изминатиов период реконструираше пет фасади на објекти од староградската архитектура во Гостивар. Со проектот досега се опфатени шест објекти, а целосно се завршени пет. Станува збор за градби лоцирани на улиците „Димитар Влахов“ и „Илинденска“. До крајот на годинава во овој македонски град ќе се работи на фасадите на уште шест објекти, а догодина остануваат за реализација уште три. Според планот на Министерството за култура, до 2020 година е предвидено да бидат обновени фасадите на сите објекти од централното градско подрачје на Гостивар.

 

*Извор на фотографија: Министерство за култура

 

 

„Во изминатиов период особено внимание е посветено на заштитата на Саат-кулата, Старото медресе, Беговата куќа и куќата на семејството Чако за кои беа издвоени над 6 милиони денари. Наскоро ќе почне реставрацијата и санацијата на црквата „Св. Димитрија“ изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при денешната работна посета на Гостивар.