Претходна статија
Швајцарската амбасада ќе донира пречистителна станица на водата за пиење во Делчево
Следна статија
Новиот скопски градоначалник најавува реорганизација на паркирањето

Промоција на книгата „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“

Објавено на 07.11.2017 во категорија Вести.

 

На Денот на ослободувањето на Скопје, во Музејот на град Скопје на 13 ноември, со почеток од 19 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“ приредена од Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја. За книгата и за делото на архитект Живко Поповски ќе говорат академик Влада Урошевиќ, професорот Мартин Гулевски и поранешниот градоначалник на Скопје Ристо Пенов. Ова е прво книжевно дело кое во фокусот го става интелектуалниот ангажман на архитект Живко Поповски.

 

 

Во него се поместени текстови, колумни и интервјуа кои Живко Поповски ги напишал и објавил во текот на својот живот, но и авторски цртежи и два воведни текста на приредувачките. „Збирката на текстови во книгата не се држи само во рамките на архитектонското, туку оди подалеку, гледајќи го градот во културолошки релации, а тоа ја прави исклучително важна за пошироката публика“ се наведува во краткиот приказ. Книгата е во издание на Приватен принт Скопје.