Претходна статија
Градежниците со позитивни оценки за вториот квартал од 2017 година
Следна статија
Започна изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Кочани

Продолжувањето на булеварот „Србија“ е во завршна фаза

Објавено на 10.07.2017 во категорија Вести.

 

Иако требаше да биде целосно завршено во рок од 20 месеци, продолжувањето на булеварот „Србија“ до улицата „Христо Татарчев“ не е комплетирано. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска излезе на увид на градежните работи за да ги увери граѓаните дека проектот е во завршна фаза на реализација. Постоечката траса се проширува за да се оформат четири коловозни ленти, а воедно се пробива и нов сегмент во должина од 150 метри. На крајот од трасата се гради кружен тек со кој ќе бидат поврзани булеварот „Србија“ со улицата „Христо Татарчев“ и „Христо Татарчев крак 2“ во општина Кисела Вода.

 

 

„Покрај проширувањето на коловозот и новиот кружен тек, со градежните работи се врши и реконструкција на повеќе улици и кои влегуваат во новиот кружен тек, се градат пешачки и велосипедски патеки, се поставува ново улично осветлување, а во тек е изградбата на целосно нова атмосферска канализација“ изјави градоначалникот Коце Трајановски. Булеварот „Србија“ во иднина ќе биде оформен во целост во согласност со предвидениот урбанистички план, со што ќе се скрати времето на патување меѓу скопските општини Аеродром и Кисела Вода.

 

Градежните работи ги изведува фирмата „Бауер БГ“. Од буџетот на Град Скопје за реализација на овој градежен зафат се издвоени 98 милиони денари. Изведбата на проектот започна кон крајот на декември 2015 година, со ветување дека истиот ќе биде комплетиран најдоцна до јуни 2017 година.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот „Србија“