Претходна статија
Катастарот ќе формира нов Адресен регистар на Македонија
Следна статија
Тензично на почетокот на изградбата на улица на Кеј „13 Ноември“

Продолжува акцијата за асфалтирање на оштетените улици во село Инџиково

Објавено на 18.03.2017 во категорија Вести.

 

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска извршија увид во градежните работи за асфалтирањето на неколку улици во скопското село Инџиково. Станува збор за пет улици во должина од околу 1.000 метри кои се асфалтираат во рамки на акцијата за санирање на оштетените улици од големата поплава што се случи во август 2016 година. „Минатата година започнавме со реконструкција на улиците во населените места Синѓелиќ и Стајковци, а со подобрувањето на временските услови оваа година продолжуваме со асфалтирање на преостанатите улици“ изјави Трајановски.

 


* Извор на фотографија: Град Скопје

 

Во соработка со општина Гази Баба, во 2017 година е планирано да се асфалтираат 80 улици. Паралелно со актуелните зафати во селото Инџиково, пред неколку дена е завршена реконструкцијата на улицата „Антон Велковски“ во Стајковци. Во моментов се работи и на санација на улицата „Алија Авдовиќ“ во Синѓелиќ.

 

Како што информираат од Градот Скопје, минатата година биле извршени градежни работи за нанесување нов асфалт на 50 улици во овие населени места. На санацијата на улиците работат екипи на Ј.П. „Улици и патишта“. Градот Скопје минатата година додели 150 милиони денари (2,5 милиони евра) за целосна санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штета за време на поплавите во август 2016 година.