Претходна статија
Надворешните притисоци немале удел во развојот на пост - земјотресно Скопје
Следна статија
Специјалното јавно обвинителство со истрага за проектот „Скопје 2014“

Пробиени 95% од автопатот Штип – Миладиновци, СДСМ реагира

Објавено на 25.05.2016 во категорија Вести.

Премиерот Емил Димитриев, заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, денеска извршија увид во градежните работи на автопатот Штип – Миладиновци. Според објавените информации, 95% од трасата на автопатот е пробиена, а 10 километри од делницата веќе е асфалтирана. Премиерот изјави дека новиот автопат во должина од 47 километри ќе биде завршен во предвидениот рок – февруари 2017 година. Новата делница вредна 206 милиони евра ја гради кинеската компанија „Синохидро Корпорација“.

 

 

 

На денешниот организиран настан реагираа од опозициската партија СДСМ. Социјалдемократите обвинуваат дека владата годинава реализирала само 16% од планираните капитални инвестиции. Во ставката други градежни работи се реализирани 13%, што е незначителна бројка во споредба со буџетските трошења за купување нови автомобили, каде реализацијата изнесува цели 25% од предвидената сума. „Катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат патиштата во Македонија е последица на криминалното владеење токму на Никола Груевски и фамилија“, посочуваат од СДСМ.

 

Изградбата на автопатот Штип – Миладиновци започна кон крајот на февруари 2014 година. Автопатската делница се финансира преку кредит подигнат од кинеската Ексим банка. Идниот автопат е предвидено да има седум клучки, пет подпатници, армирано бетонски мост и пет вијадукти.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект