Претходна статија
Остри критики за предложениот ДУП за скопската населба Карпош 4
Следна статија
Почнува реконструкцијата на фасади на станбени објекти во Аеродром

Пристигнаа шесте кинески возови за Македонски железници

Објавено на 08.02.2017 во категорија Вести.

 

Последниот од шесте кинески возови денеска пристигна во Македонија, со што се комплетираше набавката на новите моторни гарнитури за осовременување на возниот парк на Македонски железници-Транспорт. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски изјави дека новите возови ќе бидат ставени во функција по исполнувањето на сите процедури и технички работи. „Со поддршката на Владата во текот на оваа година очекуваме обновување за уште 40 проценти, така што после 40 години ќе го обновиме возниот парк за 100 проценти“ изјави Никола Костов, директор на Македонски железници-Транспорт.

 

 

Македонски железници-Транспорт планираат двете електро моторни гарнитури да ги користат за одржување на релацијата Скопје-Гевгелија-Скопје. Останатите четири дизел моторни гарнитури ќе сообраќаат долж целата железничка мрежа во земјава. Проектот во вредност од 25 милиони евра се финансира преку кредитно задолжување од Европската банка за обнова и развој. Патничките гарнитури се изработени од кинескиот производител „CSR Corporation Ltd“. Новите возови се со капацитет од 200 патници и со нивното вклучување во сообраќај се осовремени 60% од возниот парк на Македонски железници-Транспорт.

 

 

Пред неполн месец, Македонија потпиша договор за набавка на четири електрични локомотиви од Кина. Новите локомотиви во вредност од околу 8,7 милиони евра се очекува да пристигнат кон крајот на 2017 или на почетокот на 2018 година.