Претходна статија
Продолжен рокот за доставување идејни решенија за новата сала на „Работнички“
Следна статија
РЕПОРТАЖА: „Роденденската торта“ на Сталин - симбол на тоталитарната архитектура во Рига

Пријавени 170 оштетени објекти по вчерашниот земјотрес во Охрид

Објавено на 04.07.2017 во категорија Вести.

 

Мали штети на објектите и голема паника меѓу граѓаните предизвика вчерашниот земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер во Охрид. До Центарот за управување со кризи имало 170 јавувања на лица кои пријавиле штети од земјотресот. Од Институтот за земјотресно инженерство од Скопје веќе втор ден по ред вршат обиколка на објектите каде е пријавена штета. Од превентивни причини досега е затворена една детска градинка во Охрид заради напукнат ѕид. Сепак, од ИЗИИС смируваат дека нема поголеми штети и досега не е утврдено нарушување на конструктивната стабилност на објектите.

 

* Минатогодишниот земјотрес во Скопје; Фото: Архива на „Билд“

 

Од општина Охрид ги информираат граѓаните да ја пријават материјалната штета на нивните имоти во просториите на локалната самоуправа. „Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот од 04.07.2017 година (вторник) во Општинскиот услужен центар, во архива на Општина Охрид или на телефонскиот број 046/230-175“ информираат општинските власти.

 

Вчерашниот земјотрес во Охрид предизвика незначителни штети, првенствено на постарите објекти во градот. Забележано е распукнување на ѕидови и фасади на објектите, како и неколку случаи на рушење на оџаци и балкони. Земјотресот не предизвика позначителни штети. Во изминативе две недели на подрачјето на Охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси.