Претходна статија
Во Јурумлери ќе се гради фекална канализација
Следна статија
Градоначалникот Шилегов вети ново решение за сообраќајниот метеж на Водно

Предавање „Пејсажна архитектура меѓу пракса и академија“ на Архитектонскиот факултет

Објавено на 06.11.2017 во категорија Вести.

 

Во петок, 10 ноември, со почеток од 18:30 часот, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе се одржи предавање на тема „Пејсажна архитектура меѓу пракса и академија“. Гости на скопската публика ќе бидат Marianne Skjulhaug и Luis Callejas, професори од Институтот за урбанизам и пејсаж при Школата за архитектура и дизајн од Осло, Норвешка. Претстојното предавање е во рамките на програмата „360“, со која Архитектонскиот факултет планира да одржи серија предавања на странски професори и експерти во текот на зимскиот семестар од учебната 2017/18 година. Влезот е слободен.