Претходна статија
Избрано победничкото идејно решение за новата сала на КК „Работнички“
Следна статија
„Хелас експрес“ почна да сообраќа до Солун, нема најави за промени во новиот возен ред

Предавање на Давид Столеру на Архитектонскиот факултет при УКИМ

Објавено на 26.10.2017 во категорија Вести.

 

Францускиот архитект Давид Столеру на 30 октомври (понеделник) ќе одржи предавање во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ, на тема „Building the Encounter-Transforming the urban space into a place of education“. Столеру е основач на асоцијацијата и идејата „Бејт“, која го започна истоимениот едукативен проект во Париз пред шест години. Овој проект има за цел да го поврзе историското наследство на еден град со борбата против расизмот, дискриминацијата и исклученоста во општеството.

 

Идејата на проектот „Бејт“ е да се поврзат учениците коишто живеат во различни светови – религии, култури и социјални положби. Иницијативата е насочена кон истражување на културното наследство на градовите, но и со средби со зградите, луѓето, историјата и прашањата што не засегаат сите нас. Проектот гостуваше во десетина европски градови, а Скопје е едно од таргетираните населени места на тимот на архитектот Давид Столеру.