Претходна статија
Развојот на инфраструктурата во фокусот на власта и опозицијата
Следна статија
Владин „барок“ на местото на студентскиот културен центар во Скопје

Повлечен спорниот ДУП за скопската населба Острово

Објавено на 27.03.2016 во категорија Вести.

Општина Аеродром ја прекина јавната анкета за деталниот нацрт-план за скопската населба Острово. „Јавната анкета за Деталниот нацрт-план за урбанистичка четврт И 10 согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 се прекинува. Причина за прекинот е што планерската куќа при уредувањето на просторот не водела сметка за пристапот до Г.П. 21 и Г.П. 22 преку секундарна улична мрежа. Планот се повлекува на доработка“, кусо информираат од локалната самоуправа. Ваквата одлука на Општина Аеродром доаѓа по бројните негативни реакции на граѓаните во однос на предвидените урбанистички планови, за кои допрва треба да се одлучува од Советот на општина Аеродром.

 

 

 

Планираните нови објекти во населбата Острово ги вознемирија граѓаните, кои овој месец на организираната јавна анкета го изразија својот револт за вцртувањето нови градежни маркички за објекти на постојните слободни површини во населбата. Опозициските СДСМ и ЛДП во Советот на општина Аеродром жестоко се спротивставија на овој урбанистички план, идентично и на оној план предвиден за потегот меѓу населбите Ново Лисиче и Долно Лисиче. Од граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“ ги повикуваат граѓаните на будност во наредниот период во однос на претстојните чекори поврзани со овие урбанистички планови.