Претходна статија
Втор јавен повик за субвенции за купување печки на пелети
Следна статија
Отворена изложбата „Ревитализација на Античкиот театар во Охрид“

Повеќе стока превезена со камиони, возови и авиони во третиот квартал

Објавено на 26.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Товарниот сообраќај со забележителен пораст во третиот квартал од годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јуни – септември 2018 година количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е зголемено за 2,2%, во воздухопловниот транспорт за 68,5%, додека во железничкиот сообраќај е зголемено за 20,9% во однос идентичниот период лани. Со железница се транспортирани 439.000 тони стока, додека со камиони биле превезени 16.979.000 тони стока.

 

 

Кај патничкиот сообраќај, пораст на бројката на превезени лица од 3,8% е забележана кај патниот патнички превоз. Бројката на превезени патници во воздухопловниот превоз е зголемена за 14,1% во споредба со третиот квартал од 2017 година. Сепак, во периодот јуни – септември 2018 година е забележано намалување на патниците од 0,6% кај градско – приградскиот превоз, но и во железничкиот превоз за 1,6% во споредба со истиот период од минатата година. Во патниот патнички превоз во третиот квартал од годинава патувале 2.155.000 патници, додека возот како превозно средство го користеле 124.000 патници. Во ависообраќајот во овој временски период биле превезени 777.724 патници.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk