Претходна статија
Поништен тендерот за реконструкција на 13 училишни објекти
Следна статија
Забележителен раст на прометот со недвижности во периодот април - јуни

Пораснала цената на становите во Скопје во вториот квартал

Објавено на 03.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По неколкугодишниот пад на цените, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) втор квартал по ред регистрира пораст на цената на становите во главниот град. Во периодот април – јуни 2018 година е забележан годишен раст на цената на становите од 5,3%, кој се надоврзува на регистрираниот раст од 7,1% во претходниот квартал од годинава. Во Кварталниот извештај на НБРМ се посочува дека при анализа на ваквите бројки треба да се има предвид ниската споредбена основа од истиот период од 2017 година.

 

 

„Имајќи предвид дека растот на цените на становите следи по подолг период на намалување, се уште е рано да се оцени дали овие поместувања посочуваат на промена на трендот или се од привремен карактер“ велат од НБРМ. Побарувачката на станови во Скопје во вториот квартал од 2018 година била поддржана од солидниот раст на станбените кредити.

 

Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради во првиот квартал од годинава бележел раст во втор последователен квартал, во услови на натамошно намалување на вредноста на издадените одобренија за изградба на станбени згради.

 

Хедоничкиот индекс на цената на становите во Скопје се изготвува од НБРМ врз основа на огласите за продажба на овој вид недвижности во главниот град, а кои се објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет на недвижности.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk