Претходна статија
Заврши реконструкцијата на три улици во скопски Буњаковец
Следна статија
Владата ќе ги реконструира објектите на 13 основни училишта низ земјава

Понудите биле неприфатливи, Општина Аеродром со нов тендер за реконструкција на фасади

Објавено на 07.08.2017 во категорија Вести.

 

Поништен е тендерот за реализација на втората фаза од реконструкцијата на фасадите на станбените објекти на територијата на општина Аеродром. Локалните власти се одлучија за распишување на нов тендер, бидејќи на првичниот не биле доставени прифатливи понуди од изведувачите. Општината бара компании што ќе ги спроведат мерките за енергетска ефикасност на постарите станбени објекти, но притоа за овој проект не планираат да потрошат повеќе од 20 милиони денари. Од заинтересираните субјекти се очекува да ги достават своите понуди најдоцна до 30 август, по што ќе следува изборот на најповолен понудувач.

 

 

Аеродром е третата скопска општина што се одлучи да ја финансира обновата на надворешниот изглед на станбените објекти. Изминатава пролет започна санацијата на фасадите на седум објекти. Проектантската фирма „Инком Инженеринг“ минатата година изработи проекти за обнова на фасадите на 18 објекти во оваа скопска општина.