Претходна статија
Стопирана изградбата на новиот Луна парк во Скопје
Следна статија
Цената на становите во последните две години опаднала за 9,4%

Поништен тендерот за изработка на нов ГУП за Велес

Објавено на 23.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Велес мораше да го поништи тендерот за изготвување на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) за Велес. За неговата изработка биле доставени понуди со цени и услови што се понеповолни од реалните на пазарот, додека за ревизија на идниот ГУП не била доставена ниту една понуда од проектантските бироа. Од овие причини, општинските власти го поништиле тендерот објавен на почетокот од февруари годинава. За подготовка на урбанистичката документација ќе треба да се распише нова тендерска постапка во претстојниот период.

 

 

Важноста на постоечкиот ГУП за Велес, изработен во 2006 година, истекува годинава. За време на неговото важење се искажаа низа на негативни забелешки во однос на понудените решенија. Генералниот урбанистички план за Велес уредува површина од градот со површина од 1.600 хектари.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk