Претходна статија
Ќе лета ли „Визер“ и наредните години од македонските аеродроми?
Следна статија
Ќе се прави анализа за оправданоста на изградба на Телекомуникациската кула на Водно

Поништен тендерот за „барокизација“ на зградата на „Пелагонија“

Објавено на 10.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По најавата на градоначалникот Петре Шилегов за враќање на изворниот лик на зградата на „Пелагонија“, Градот Скопје го поништи тендерот за „барокизација“ на ова здание од централното градско подрачје. Финансиските средства од 1,3 милиони евра, кои беа предвидени од претходното градско раководство за оваа намена, ќе се искористат за други приоритетни проекти за граѓаните. „Поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган“ се наведува во денешното образложение објавено на веб – страницата на Бирото за јавни набавки.

 

 

Градската власт веќе најави дека ќе ја прекине промената на надворешниот изглед на фасадите во центарот на Скопје, кои се реализираа во рамките на проектот „Скопје 2014“. Финансиските средства, коишто безмилосно се трошеа за менување на идентитетот на самиот град, во 2018 година ќе се пренасочат кон изведба на енергетско ефикасни фасади во средните училишта – за оваа намена од градскиот буџет се предвидени 90 милиони денари.

 

Воедно, скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави враќање на изворниот лик на зградата на „Пелагонија“, чија фасада во изминативе две и пол години се догради, се поставија нови прозорци, со што во целост се промени оригиналниот дизајн на објектот изготвен од нејзиниот автор.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk