Претходна статија
Субвенции за велосипеди без проценка за тоа колку ќе се користат
Следна статија
За седум месеци проработеа 10 нови електрани на обновлива енергија

Помалку договорени, повеќе реализирани градежни проекти во странство

Објавено на 17.05.2017 во категорија Вести.

 

Македонските градежни компании на почетокот од 2017 година оствариле задоволителен пробив на странските пазари, но прашање е колку ќе трае ваквата зголемена активност. Според податоците на Државниот завод за статистика, градежната оператива од Република Македонија во периодот јануари-март 2017 година извршила градежни работи во вкупна вредност од 365.475 илјади денари, што е за 139,1% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во првите три месеци од годинава е забележан зголемен обем на извршени градежни работи во Холандија, Босна и Херцеговина и Германија.

 

Статистичарите констатирале дека во идентичниот временски период е намалена бројката на склучени договори за идна реализација на градителски проекти. Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.265.602.000 денари, што е за 14,1% помалку во споредба со 2016 година. Врз основа на направените пресметки, босанскиот пазар останува убедливо најзначаен пазар во однос на договорените и извршените градежни работи во странство.