Претходна статија
Со физибити студија ќе се решава кој ќе инвестира во катна гаража во Охрид
Следна статија
АДСДП ќе инвестира во изградба на нови станови во општина Бутел

Повеќе од половина од сите станови во земјава се градат во Скопје

Објавено на 26.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Фрапантни податоци околу изградбата на нови станови во Македонија. Повеќе од половина од сите живеалишта во кои се инвестирало во изминативе три години се изградени во Скопскиот регион. Главниот град учествува со дури 8.684 нови станови изградени во периодот 2015 – 2017 година од подигнатите вкупно 17.111 станови низ целата земја. Издигнувањето нови живеалишта во Скопје е сконцентрирано во веќе урбанизираните делови од градот – општините Аеродром, Карпош и Центар, каде што еколозите и граѓанските активисти со години наназад предупредуваат на дивјачко уништување на јавниот простор за сметка на нови станбени комплекси.

 

 

Наспроти огромниот притисок врз главниот град, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најмалку станови во изминативе три години се завршиле во Вардарскиот регион. Колку за споредба, во централниот дел од земјава во периодот 2015 – 2017 година биле изградени само 440 станови, што е еквивалентна бројка на предвидените станови за коишто се издаваат градежни дозволи во Скопје за само еден месец од годината.

 

„Во Скопскиот регион, во 2017 година, се завршени најмногу станови (51,4% од вкупниот број завршени станови), а најмалку станови се завршени во Североисточниот регион (2,6% од вкупниот број завршени станови во земјата), се наведува во објавениот годишник „Регионите во Република Македонија, 2018“ на Државниот завод за статистика.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk