Претходна статија
Зголемена бројката на нови станови за градење на почетокот од 2017 година
Следна статија
Ќе се уредува ентериерот на киното „Манаки“ во Битола

Поднесени 182 барања за субвенционирање печки на пелети во Скопје

Објавено на 08.03.2017 во категорија Вести.

 

Градската власт до вчера примила 182 барања од граѓаните за субвенционирање на купени печки за греење на пелети во домовите. Градот Скопје денеска ги потсети граѓаните кои имаат намера да аплицираат за поврат на средства, тоа да го направат најдоцна до 13 март. Документите треба да се достават до Архивата на Град Скопје. „Оваа година Јавниот повик ги опфаќа граѓаните на градот Скопје коишто се затоплуваат на печки со дрва, јаглен, нафта и мазут и претставува една од мерките кои Градот Скопје ги презема со цел подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух“ се наведува во соопштението на градските власти.

 

 

Градските власти ќе ги разгледаат сите пристигнати барања, по што формираната комисија ќе изврши теренска проверка на локациите каде што ќе бидат поставени набавените печки за грееење на пелети. За да можат да поднесат барање за субвенција, граѓаните ќе треба да докажат дека досега биле корисници на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут, но и дека во нивното населено место нема приклучок на централно градско греење во објектот каде што е инсталирана печката за греење на пелети.