Претходна статија
Предизборна експлозија на бројот на градежни дозволи за станбени објекти
Следна статија
И во Дојран ќе се одржи референдум за рудникот во Казандол

Пивара Скопје и Кока Кола донираа паркиралишта за велосипеди за Скопје

Објавено на 12.05.2017 во категорија Вести.

 

Главниот град во иднина ќе добие пет паркиралишта за велосипеди на различни локации во градот како донација од Пивара Скопје и Кока Кола. Во Градскиот парк во Скопје денеска беше промовиран првиот ваков објект. Паркиралиштата за велосипеди се во облик на препознатливото шише на Кока-Кола. На секоја од локациите во главниот град ќе биде поставен пар од Кока-Кола и Кока-Кола Зеро паркиралиште и на нив ќе може да се паркираат 24 велосипеди. Заблагодарувајќи се на донацијата, скопскиот градоначалник Коце Трајановски нагласи дека со неа ќе се создадат услови за користење на велосипедот како алтернативно превозно средство.

 

 

Основната цел на проектот е промоција на физичките, спортските и рекреативните активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот преку поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен транспорт. Проектот на Пивара Скопје и Кока Кола е реализиран во соработка со здружението „НаТочак“.