Претходна статија
Градежниците стравуваат од отпуштање работници, владата од финалната цена на автопатите
Следна статија
Градежните фирми лани потрошиле повеќе градежни материјали

Петта сесија на меѓународната Летна школа за архитектура во Охрид

Објавено на 23.06.2017 во категорија Вести.

 

Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и НУ Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид ќе ја организираат петтата сесија на меѓународната Летна школа за архитектура во Охрид. Настанот ќе се одржи во периодот од 25 јуни до 2 јули. Овогодинешната тема на сесијата е „Природни системи“ и ќе биде под раководство на словенечкиот архитект Деан Лах, коосновач и партнер во реномираното архитектонско студио Енота од Љубљана. Гости на меѓународната Летна школа ќе бидат архитектите Крешимир Рогина и Винко Пенезиќ од Хрватска и Јуриј Личен од Словенија.

 

 

Свеченото отворање на настанот ќе се одржи на 25 јуни (недела) со почеток од 20 часот, во Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид. Академскиот тим на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС ќе работи заедно со студентите при реализацијата на планираните активности. Летната школа за архитектура во Охрид во изминативе години имаше познати гости тутори од меѓународната архитектонска сцена, вклучувајќи ги архитектите Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима од Јапонија, Симон Хартман, Симон Фроменвилер и Тило Херлих од Швајцарија, Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина од Хрватска.