Претходна статија
Град Скопје упорен во намерата да изгради 20 „барокни“ сендвичарници
Следна статија
Нова приватна болница ќе се гради во Карпош 3 пред „Филип Втори“

Пет нови станбени згради ќе никнат во населбата Маџари

Објавено на 13.07.2016 во категорија Вести.

Општина Гази Баба денеска продаде пет градежни парцели за изградба на станбени згради, со компатибилна класа на намена за хотелски комплекси. Објектите за колективно домување ќе се градат во скопската населба Маџари, а приватните инвеститори покажаа голем интерес за градежното земјиште. Станува збор за парцели со површина од 1.516, 1730, 1.815, 1.845 и 2.163 метри квадратни. Конкуренцијата меѓу инвеститорите придонесе земјиштето на електронската лицитација да се продаде по цена од 6.678 до 14.234 денари за метар квадратен.

 

 

 

На четири од продадените локации ќе се градат објекти со приземје и 10 ката, додека на една од парцелите е предвидена станбена зграда со приземје, четири ката и поткровје. Општина Гази Баба ќе ги објави инвеститорите на новите колективни згради по уплатата на постигнатата сума на електронското јавно наддавање. По потпишување на купопродажниот договор, изведувачите на станбените згради ќе имаат девет месеци за да прибават одобрение за градење. Новите објекти во населбата Маџари треба да бидат завршени за 48 месеци од денот на добивање на градежната дозвола.