Претходна статија
„Барокот“ ќе удри по уште девет згради околу плоштадот „ВМРО“
Следна статија
Годинава помалку сме патувале со автобус

Партиски препукувања за доцнењето со изградба на пругата Битола – Кременица

Објавено на 19.08.2016 во категорија Вести.

Опозициските социјалдемократи гледаат нов финансиски скандал поврзан со парите од реконструкцијата на железничката пруга Битола – Кременица. Васко Ковачевски, пратеник на СДСМ од Битола, на прес-конференција обелодени информација дека само за градежни активности и превоз со камиони фирмите-подизведувачи на пругата побаруваат повеќе од 1 милион евра. „Ако на ова се додаваат и неисплатените обврски за тампон, бетон, железо и други материјални набавки и услуги, долговите од изведувачот кон фирмите добавувачи и изведувачи надминува повеќе милиони евра“ нагласува Ковачевски.

 

 

Од СДСМ прашуваат каде се средствата одвоени за реализација на пругата Битола – Кременица, особено ако се земе предвид фактот дека проектот од 19,9 милиони евра е финансиран преку ИПА-1 трета компонента, како неповратни средства од Европската унија. „Ако се знае дека договорот со ЕУ е потпишан уште во ноември 2010 година, дали постои опасност Македонија да ги изгуби и овие средства поради некадарноста на власта“ прашуваат од СДСМ. Воедно, тие бараат од надлежните државни институции веднаш да направат контрола и увид во состојбите.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ Битола денеска излегоа со реакција на информациите обелоденети од СДСМ. „Кој работи знае, тековните работи се решаваат во текот на работењето. Она што е важно е дека се работи и се работи согласно законските рамки и регулативи“ вели Валентина Марковска од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија тврдат дека сите законски обврски се почитуваат и ќе се почитуваат согласно предвидените рокови. Оттаму напоменуваат дека „Водстрој 98“ како главен изведувач на пругата ја превзел обврската да ја заврши изградбата на пругата со должина од 17 километри.

 

 

» Форумска дискусија за пругата Битола – Кременица