Претходна статија
Архитектонска изложба „ПРОТОТИП НА ГРАДИНА ЗА ДЕЦА“ на 28 февруари во Куманово
Следна статија
ААМ бара нов конкурс за целосен проект за реконструкција на ГТЦ

Пад на цената на становите во Скопје на крајот од 2018 година

Објавено на 27.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Продолжува падот на цената на становите во Скопје. Во четвртиот квартал од 2018 година е забележан годишен пад од 4,9%, се наведува во Кварталниот извештај на Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). Зголеменото намалување на вредноста на овој вид недвижности во главниот град следи по минималниот раст од 0,2%, којшто беше забележан во третиот квартал од минатата година.

 

„Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради бележи позитивни поместувања и во третиот квартал на 2018 година, кога се забележува многу висок раст“, се наведува во извештајот на НБРСМ. Од централната банка нагласуваат дека на крајот од 2018 година продолжил трендот на забрзано зголемување на вредноста на издадените одобренија за градење на станбени згради.Од страната на побарувачката, од НБРСМ констатираат дека таа била поддржана од солидниот раст на станбените кредити.

 

Движењата кај вредноста на овој вид недвижности во главниот град од НБРСМ се мери врз основа на хедоничкиот индекс на цените на становите, изготвен врз основа на огласите за продажба во Скопје што се објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk