Претходна статија
АДСДП со нови 60.000 евра за доградба на „барокниот“ објект кај МОБ
Следна статија
„Актор“ вели дека нема криминал при изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица

Отворена пешачко – рекреативната патека од каналот Студенчишта кај Охрид до Горица

Објавено на 09.06.2017 во категорија Вести.

 

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески денеска ја пушти во употреба пешачко – рекреативната патеката од каналот Студенчишта до Горица. Продолжување на шеталиштето долж брегот на Охридското езеро се изведуваше во три фази во изминативе две години. Патеката е долга 1.390 метри, а широка 12 метри, со две патеки за велосипеди и ролери и со хортикултурно уредување на средината. Долж патеката е изведен скејт парк и фитнес зона, а наскоро ќе се изгради и ново детско игралиште.

 

 

Долж шеталиштето е поставена урбана опрема и јавно осветлување. Во проектот се вложени вкупно 41.116.880 денари, од кои 14 милиони денари се обезбедени преку ИПА програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Градежните работи на терен ги изведуваше фирмата „Еуро Стил“ од Охрид. Охридската локална самоуправа очекува дека со реализацијата на овој проект ќе се збогати туристичката понуда за посетителите на градот.